Свет
Пау и Барселона ја официјализираа соработката, Гасол ја испрати првата порака (ФОТО)

Ветеранот Пау Гасол и официјално е нов член на шпанскиот великан Барселона.
Тоа што се најавуваше изминативе денови сега беше потврдено од двете страна, поточно од центарот и секако клубот. Ова за Гасол е враќање во средината во која ја започна кариерата, односно по пауза од две децении се враќа во клубот во кој се промовираше на европската сцена по што изгради и импресивна НБА кариера.
-Моето искуство и вештини ќе му бидат на располагање на клубот во најважниот дел од сезоната, во исто време физички ќе напредувам и ќе фаќам ритам во натпреварувањето. Среќен сум што се враќам во клубо во кој започнав и сум среќен поради новата можност: Се надевам дека брзо ќе можам да му помогнам на првиот тим, -порача Пау во пораката на социјалните мрежи.
Very happy to come back home.⠀⠀⠀⠀⠀⠀⠀⠀⠀⠀⠀⠀⠀⠀⠀⠀⠀⠀
Força Barça! 🔵🔴 pic.twitter.com/6CewIY2Bil— Pau Gasol (@paugasol) February 23, 2021
Договорот е со важност до крајот на актуелнава сезона.
🔙 El millor de @Paugasol com a #culer 😍 pic.twitter.com/3LKeKFc3gw
— Barça Basket (@FCBbasket) February 23, 2021

- Англијапред 22 часа
Летна и првата глава по неуспехот на Супер лигата, навивачите на Манчестер Јунајтед во транс
- Англијапред 23 часа
Позната причината поради која Даниел Леви го отпуштил Жозе Мурињо
- Светпред 22 часа
Европската лига се распадна како кула од карти по само два дена: Вечерва клучен состанок за откажување
- Англијапред 21 час
Сунес со остар коментар: Девет месеци имаа состаноци со другите директори, Вудвард е само почетокот (Видео)
- Англијапред 24 часа
Фудбалерите го креваат гласот: Хендерсон ќе ги собере сите капитени и ќе ги обедини против Супер лигата
- Италијапред 21 час
Италијанските новинари едногласни за статусот на Ањели во Јувентус
- Лига на шампионипред 21 час
Перез за „Лекип“: Не сме загрижени, ќе го реализираме проектот Супер лига
- Светпред 10 часа
Пике со прва реакција откако шесте англиски премиерлигаши го „закопаа“ проектот на Флорентино (Фото)