Поврзете се со нас

НБА

Патрик Јуинг заврши во болница-позитивен на КОВИД-19

Објавено

на

Легендата на Њујорк Никс, Патрик Јуинг е уште еден од познатите спортски имиња кој е заразен со коронавирусот.

Славниот центар објави дека имал позитивен тест на КОВИД-19 и сега е под лекарска грижа и изолиран во локална болница.

-Сакам да споделам дека имав позитивен тест на КОВИД-19. Овој вирус е опасен и не треба да се прифаќа несериозно. Сакам да им порачам на сите да бидат внимателни и да се грижат за себе и своите најблиски.

-Сега повеќе од било кога сакам да се заблагодарам на здравствените лица и на сите кои се на првата борбена линија против коронавирусот. Ќе бидам добро, сите ова ќе го поминеме, -порача Јуинг.

Патрик кој сега е тренер на универзитетот Џорџтаун, долги години беше меѓу најдобрите центри во НБА лигата, 11-пати беше избиран за учесник на Ол-стар натпреварите, а со селекцијата на САД освои два златни медали на ОИ во Лос Анџелес и Барселона каде беше дел од Дрим-тимот заедно со Џордан, Меџик, Бирд, Баркли, Робинсон…

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни