Поврзете се со нас

Балкан

Пато предвиде каква судбина ќе има Канаваро во Динамо

Објавено

на

Foto:instagram.com/acmilan

Фабио Канаваро вчера беше потврден како наследник на Ненад Бјелица и на 3-ти јануари ќе го има првиот тренинг како тренер на Динамо, информација која дефинитивно пристигна како огромно изненадување за сите во хрватската спортска јавност.

По Џенаро Гатузо кој го води Хајдук, малку кој очекуваше дека и Динамо ќе се одлучи за италијанска фудбалска легенда, но вчеравечер се случи токму тоа и реакциите се во најмала рака измешани во јавноста.

Навивачите на Динамо не се највоодушевени од изборот поради тоа што Канаваро не се докажа со посебни резултати како тренер, но за разлика од ставовите кои ги имаат добар дел од симпатизерите на хрватскиот шампион, Александре Пато уверува дека „модрите“ ќе се вратат на шампионски пат со Фабио како предводник на тимот.

Канаваро освои три титули во кариерата и сите дојдоа за време на неговиот престој во Кина, а во тој период и Пато беше дел од лигата во споменатата земја.

– Фабио е фантастичен тренер и фантастична личност. Тој има способност квалитетно да управува со цела соблекувална. Тој е капитен кој е облечен во одело на тренер. Сигурен сум дека Динамо повторно ќе биде шампион со него. Канаваро ќе направи добра работа, му посакувам многу успех и среќа, – порачува Пато во интервјуто за „Индекс“.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни