Поврзете се со нас

НБА

Патики на Џордан постигнаа неверојатна цена на аукција во Лас Вегас

Објавено

на

Мајкл Џордан поставува рекорди долго откако ја заврши својата уникатна кошаркарска кариера, а овој пат се работи за патики кои НБА легендата ги носела во далечната 1984 година и постигнале рекордна сума на аукција на „Сотбис“.

„Џорданките“ кои Ем-Џеј ги носел на петтиот натпревар од првата сезона во дресот на Чикаго Булс, биле продадени за неверојатни 1.472.000 долари, а завршиле кај колекционерот Ник Фиорела.

Nika Air Ships се патиките со најголема почетна цена понудени на аукција, а на крајот постигнале и рекордна продажна цена на аукцијата за луксузни предмети во Лас Вегас.

Првпат во историјата на аукциите, едни патики надминале сума од 1 милион долари.

Претходно, патики на Џордан од 1985 година достигнаа цена од 615.000 долари.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни