Поврзете се со нас

Евролига

Патиката буквално му се распадна: Играч на Звезда остана без обувка на дуелот со Милано (ВИДЕО)

Објавено

на

Црвена Звезда е во лоша форма и ритам во Евролигата каде вечерва го забележа третиот пораз во низа и тоа против Олимпија Милано која го освои Белград со 82:80.

„Манекените“ ја имаа тројката Миротиќ, Ледеј и Шилдс кои постигнаа по 19, 15 и 14 кошеви со што беа најзаслужни за ова славје во кое нашиот Ненад Димитријевиќ не учествуваше.

Недовиќ и Калиниќ реализираа по 12 кошеви за домаќините, еден повеќе од Кенан кој се најде во фокусот на јавноста поради една несекојдневна ситуација.

Неговата патика се распадна во една акција кога се обиде да го чува Болмаро, па има доста сеир на негова адреса.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни