Пасторе револтиран од капитенот на ПСЖ: Силва не знае зошто доцнев

havier-pastore-3293293

Хавиер Пасторе долго е тема на европските медиуми, а причина е неговата наводна желба да го напушти ПСЖ и да замине во клуб каде ќе има поголема минутажа.

Шпекулациите беа зголемени откако Аргентинецот доцнеше по враќањето од својата земја каде ги мина новогодишните празници, а капитенот Тиаго Силва за медиумите изјави дека Пасторе побарал од клубот да го стави на трансфер листата. Но, Пасторе не само што тврди дека не сака да замине, туку јавно го критикуваше Бразилецот поради изјавата која ја дал.

– Никогаш не сум разговарал со Тиаго Силва за некој мој проблем или мојата иднина. На никого не сум правел притисок, тоа не е мој стил, а Силва не ја знае причината поради која доцнев. Мојата желба отсекогаш била да останам последен од првите засилувања на ПСЖ, дури сакам и да ја завршам кариерата во овој клуб, – вели Пасторе кој тврди дека задоцнил од Аргентина затоа што неговата сопруга која е во напредна бременост била советувана да не лета со авион наредните неколку дена.

Facebook Коментари