Паспаљ има проблеми со говорот, но инсистирал да се врати во Белград

zarko-paspalj

Кошаркарската легенда Жарко Паспаљ го минал најтешкиот дел од рехабилитацијата по мозочниот удар кој го заработи во Сан Антонио, но сепак и натаму треба да применува терапија.

Како што објави „Кош магазин“, Владе Дивац кој меѓу првите го посети Паспаљ во американската болница, поранешниот кошаркар е свесен и комуникативен иако има проблеми со говорот.

Грег Попович кој ја презема грижата за својот голем пријател не сакал да коментира за ситуацијата на Паспаљ, но за истиот медиум говорел помошникот на Попович, италијанскиот стручњак Еторе Месина.

– Сите бевме многу загрижени, Жарко е личност која сите ја почитуваат и сакаат. Попович направил се што можел да му помогне, но Паспаљ барал што побргу да се врати во својата земја. Лекарите препорачуваат две-три недели мирување и терапија за нормализирање на говорот, не знам дали ќе му дозволат толку брзо да ја напушти болницата, – изјавил Месина.

Според последните информации, трофејниот кошаркар се упатил кон Њујорк од каде со директен лет ќе пристигне во Белград.

Facebook Коментари