Паспаљ доживеал мозочен удар, први го посетиле Дивац и Попович

zarko-paspalj

Поранешната кошаркарска ѕвезда, Жарко Паспаљ има здравствени проблеми и се наоѓа во болница во Сан Антонио.

Според специјализираниот портал „Јурохупс“, легендарниот југословенски кошаркар пред неколку дена доживеал мозочен удар и сега се рехабилитира во болница.

Меѓу првите кои го посетиле Паспаљ биле неговите стари пријатели Владе Дивац и Грег Попович со кого е во одлични односи уште од неговата единствена НБА сезона во Сан Антонио Спарс кога актуелниот тренер беше помошник. Токму Попович најавил дека ќе се грижи за Паспаљ се додека тој не ја напушти болницата, а тоа го потврдил и Дивац.

Паспаљ одигра една сезона во НБА пред да се врати во Партизан, а изминатите години имаше повеќе здравствени проблеми и неколку срцеви удари од кои успеа да се рехабилитира.

Facebook Коментари