Поврзете се со нас

Европски првенства

Пашалиќ: Ги видовме слабостите на Италија, подготвени сме да ги искористиме!

Објавено

на

foto: x.com/HNS_CFF

Хрватска не дојде до посакуваниот резултат против Албанија, но и со ремито од 2-2 не ги загуби шансите за пласман во нокаут фазата на Европското првенство со тоа што во завршното коло ќе мора да ја реши Италија.

Тоа е задачата на „коцкестите“, задача која веруваат дека можат да ја решат, дојдат до посакуваната цел иако имаат максимална почит кон противникот.

-Свесни сме и благодарни за големата поддршка. Знаеме дека никогаш нема да не изневерат и разочараат. Верувам дека во понеделник ќе има многу наши фанови и верувам дека сите заедно ќе славиме. Италија се покажа многу подобро против Албанија, но нешто се прашува и противникот. Можеме да се согласиме дека Шпанија по две кола е меѓу фаворитите. Не и дозволија многу на Италија. Очекувам да бидат добро организирани, тежок натпревар, но верувам дека ќе бидеме подготвени да одговориме на барањата.

-Скамака е  врвен играч кој носи опасност, но и останатите. Особено оние офанзивните. Имаше фантастична сезона, особено во последните неколку месеци, постојано постигнуваше голови и беше еден од најважните играчи. Ќе биде тежок натпревар, бидејќи тие се одличен тим со одличен тренер, но видовме каде се нивните слабости и каде можеме да ја однесеме играта во наша корист и се надевам дека ќе го направиме тоа на теренот, -вели Марио Пашалиќ кој е свесен дека на противникот му одговара и реми.

-За повеќето може да се каже истата работа. Некои подобро, некои помалку. Тешко е да се игра за бод, кога играта е поставена за нерешено. Очекувам да бараат победа, ќе направат некои промени бидејќи барате други решенија и победничка формула. Но, тоа им го оставаме, фокусирани сме на нас, да се подготвиме и да победиме во тој натпревар, -порача членот на Аталанта.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни