Поврзете се со нас

АБА лига

Партизан вторпат ја победи Звезда во пет дена, овојпат во АБА лигата

Објавено

на

Foto:twitter.com/PartizanBC

Партизан пред пет дена ја добри драмата со Црвена Звезда во Евролигата, но денеска „црно-белите“ повторно беа поуспешни во вечното дерби и ја продолжија победничката серија против најлутиот ривал во АБА лигата.

Тимот на Жељко Обрадовиќ се навикна да ја победува Звезда во својата „Штарк арена“, па втората победа во период од пет дена беше остварена благодарение на неверојатната втора четвртина.

Звезда отвори подобро и имаше позитива од 17:25 по првите 10 минути игра, но Партизан брзо возврати и вториот период го доби со 30:11 за целосен пресврт на семафорот.

Во продолжение, домаќинот успеваше да го одржува водството и најчесто имаше двоцифрена позитива, иако Звезеда во една фаза од последната четвртина дојде на само минус шест, но сепак немаше сили за кам-бек.

Партизан играше без својот капитен Кевин Пантер, но во негово отсуство се иистакна Френк Камински со 22 поени, а повторно важен беше и Аврамовиќ кој уфрли 15 поени.

Триумфот од 98:87 е трет во низа во меѓусебните пресметки, бидејќи Партизан ја победи Звезда и во мајсторката во финалето во АБА лигата кое се играше минатата сезона.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни