Поврзете се со нас

Балкан

Партизан водеше на „Маракана“ до 84. минута, но остана со празни раце во 180. секунди (Видео)

Објавено

на

Вечното дерби меѓу Црвена Звезда и Партизан дојде до своето 176-то издание ова попладне на „Маракана“, па иако овој натпревар немаше никакво влијание кога е шампионската битка во прашање, историјата и традицијата бараат максимално залагање од двата тима.

Звезда како непоразен тим во шампионатот денеска се најде во ситуација да биде пред прв неуспех од стартот на сезоната, меѓутоа Партизан не успеа да профитира од минималното водство и на крајот загуби во драматични услови.

Гостите од Хумска водеа со голот на Калулу од 39-та минута, но откако успеаја да преживеат два поништени гола на Звезда, немаа доволно нерви и сили во последните 10 минути.

Црвена Звезда доби пенал по едно играње со рака во шеснаесетникот и домаќините израмнија на 1:1 со сигурната реализација на Максимовиќ, по што стана јасно дека моментумот се врти на другата страна.

Дефанзивно ориентираниот Партизан беше принуден да се брани уште погрчевито, но во период од 180 секунди остана со празни раце, бидејќи втор гол за Звезда постигна Бруно Дуарте во 87-та минута.

На овој начин, Звезда само ја потврди својата апсолутна доминација оваа сезона, кампања во која сега има 26 бодови повеќе од второпласираниот Партизан.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни