Поврзете се со нас

Евролига

Партизан во три дена објави разделба со уште еден важен Американец во составот

Објавено

на

foto:twitter.com/PartizanBC

Најавите дека Партизан може да се раздели со уште еден Американец денеска станаа реалност, па по Кевин Пантер, српскиот тим остана и без Зек Ледеј.

Двајцата важни играчи на „црно-белите“ прифатија нови предизвици, а Партизан денеска го потврди заминувањето на Ледеј.

– По три сезони во црно-бело, Зек Ледеј летово го напушта КК Партизан.

– Човекот кој остави голема трага и стана миленик на навивачите на Партизан, постигна договор со клубот врз основа на кој двете страни одат по различни патишта. Исто како и капитенот Кевин, Зек Ледеј останува засекогаш дел од црно-белото семејство, – стои во соопштението на клубот.

Ледеј одигра три сезони во дресот на Партизан, каде дојде од Олимпија Милано.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни