Поврзете се со нас

Евролига

Партизан влезе во победнички ритам во Евролигата, Реал го освои Милано (ВИДЕО)

Објавено

на

Составот на Партизан предводен од Жељко Обрадовиќ влезе во победнички ритам во Евролигата, па така вечерва го забележа третиот триумф во низа и тоа на гостувањето во Атина кај Панатинаикос.

Обрадовиќ доби овации и аплаузи од домашните фанови кои засекогаш ќе му бидат благодарни за сите успеси кои им ги донесе, но денеска Србинот беше на спротивната страна и успеа со својата екипа да се избори за славје од 91-89.

Шест играчи во победничкиот табор беа двоцифрени, ама далеку пред сите беше расположениот Пантер со 29 кошеви. Бејкон и Волтерс за ПАО искомбинираа 34 кошеви.

Реал Мадрид како гостин беше подобар од Олимпија Милано со 83-77. Пресудна се покажа третата четвртина која „кралевите“ ја реализираа со 20-11 по што го преземаа водството и не го испуштија.

Балканската комбинација Муса-Хезоња испорача 40 кошеви, додека најсветла точка кај домаќинот беше Пангос со 21 поен.

На другите дуели Басконија беше подобра од Макаби ТА со 116-87, а Баерн и се израдува на првата победа и тоа против актуелниот шампион Анадолу Ефес (81-78).

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни