Поврзете се со нас

Евролига

Партизан со страшна серија му пресуди на Милано, Реал суреди уште еден грчки великан (ВИДЕО)

Објавено

на

foto:twitter.com/PartizanBC

Екипата на Партизан се избори за нова победа во Евролигата, овојпат над составот на Олимпија Милано кој падна во Белград со резултат 82:69.

Гостите водеа со 44:39 на паузата, а во третиот период дојдоа и до плус 15 (60:45), ама токму од тука тргна нивниот пад со оглед на тоа што избраниците на Обрадовиќ водени од публиката во преостанатиот дел од дуелот имаа серија од 37-9 што на крајот им овозможи на „црно-белите“ и двоцифрена победа.

Пантер беше автор на 19, Кабокло на 16, а Ледеј на 15 кошеви. Единствената лоша вест за Партизан е повредата на Аврамовиќ кој според првичните информации го очекува пауза од неколку месеци.

Најдобар стрелец кај италијанскиот претставник беше Шилдс со 19 поени.

Реал Мадрид пред неколку дена го суреди Олимпијакос, а вечерва го реши и Панатинаикос на негов терен. „Кралевите“ триумфираа со 90:78, меч во кој лидери беа Хезоња и Дек со 19 и 16 кошеви. Залудни за ПАО беше 24 поени на американскиот плејмејкер Нан.

Во Берлин пак Анадолу Ефес беше подобар од Алба со 97:89.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни