Евролига
Партизан со лекција за Макаби, Шортс не можеше сам против Барселона (ВИДЕО)
Кошаркарите на Партизан издвојуваа убедлива победа над Макаби Тел Авив од 98:75 на средбата од 19.коло во Евролигата.
Избраниците на Обрадовиќ уште од самиот старт најавија ваков епилог и првата четвртина ја добија со 27:12, предност која потоа дополнително ја зголемија во преостанатиот дел од соочувањето во Белград.
Ова за „црно-белите“ беше деветто славје, а лидер во истото беше Браун со 21 поен, 4 асистенции и 3 украдени топки.
Барселона пак дојде до важен триумф на гостински терен кај Париз. Каталонците кои играат со многу осцилации во досегашниот тек на кампањата победија со 90:79, Петмина играчи беа двоцифрени, во прв план беше Ернангомез со дабл-дабл од 23 поени 10 скока.
Кај францускиот претставник за кого ова беше четврти пораз во серија, македонскиот репрезентативец Ти-Џеј Шортс беше број еден со 20 кошеви и 4 асистенции.
Останати резултати:
Фенербахче-Анадолу Ефес 84:76
Реал Мадрид-Баерн Минхен 88:76
Панатинаикос-Виртус Болоња 111:90
-
Светски првенства11 часа
Австрискиот селектор Пајовиќ пред дуелот со Македонија: Имам добро чувство
-
Свет20 часа
(Не)очекувана одлука: Нејмар го избрал клубот во кој ќе ја продолжи кариерата
-
Светски првенства10 часа
Одработен завршниот тренинг пред Австрија: Лазаров ги пренесе идеите, ракометарите треба да ги спроведат на дело (Фото)
-
Репрезентација21 час
Капитенот игра во страшна форма: Кузмановски го изедначи рекордот на Лазаров
-
Англија11 часа
Историски трансфер: Гвардиола доби нов стопер вреден 50 милиони евра (Фото)
-
Англија13 часа
Аморим откри каква кратка порака добил од Фергусон при средбата на теренот
-
Италија20 часа
Малдини испратил специјален подарок за Ернандез (ФОТО)
-
Шпанија17 часа
Голем предизвик за Димитриевски и Валенсија во четвртфиналето во Купот на Шпанија