Евролига
Партизан продолжи да „грми“ во Белград, Барселона конечно се израдува во „Палау Блауграна“ (ВИДЕО)

Партизан продолжи со импресивните партии на домашен терен во Евролигата, а силата на „црно-белите“ овојпат ја почувствува составот на Асвел кој беше декласиран во Белград со 92-71.
Ова за четата на Жељко Обрадовиќ беше петто славје во низа во својот дом, осмо во сезонатта по што дојде на учинок од 50 проценти по 22. одиграни рунда во најквалитетното европско натпреварување. Пантер ја имаше улогата на лидер со 22 поени, кај гостите најсветли точки беа Фал и Понс со по 14 кошеви.
Во наредното коло Партизан му гостува на Жалгирис.
Барселона пак конечно го запиша првото славје во „Палау Блауграна“ во 2023 година. Шпанскиот вицешампион загуби од Виртис Болоња и Анадолу Ефес, ама вечерва не дозволи нов кикс и го доби Макаби Тел Авив со 83-78.
Хигинс уфрли 15, Јокубаитис 14, а Миротиќ остана кус за еден скок за дабл-дабл (11 поени, 9 скока).Залудни за Макаби беа 20 кошеви на Адамс.
Останати резултати: Виртус Волоња-Црвена Звезда 84-72, Валенсија-Баерн 82-73, Милано-Басконија 89-83 и Фенербахче-Олимпијакос 73-93
-
Балканпред 15 часа
Ковачиќ го расплака Адеми со емотивната порака (Видео)
-
Шпанијапред 12 часа
Реал Мадрид планира да ги доведе Мбапе и Халанд во ист преоден рок
-
Францијапред 14 часа
Жиру го искоментирал повлекувањето на Бензема од националниот тим
-
Англијапред 14 часа
Главните кандидати за купување на Манчестер Јунајтед не испратиле втори понуди
-
Балканпред 23 часа
Адеми: Ќе се вратам во Динамо, сакам европски трофеј како тренер (ВИДЕО)
-
Светпред 15 часа
Кристијано: Лигата во Саудиска Арабија не е како Премиер лигата, но за пет години ќе стане……
-
Светпред 13 часа
Судија суспендиран откако поништил гол по прегледување на снимка на телефон
-
НБАпред 13 часа
Невидена сцена во Далас: Домаќините најавија жалба, Дончиќ ризикува казна (Видео)