Евролига
Партизан повторно потклекна во финишиот, Димитријевиќ и Милано си заминаа со победа од Белград
Партизан повторно загуби на натпревар на кој сериозно беше во игра да победи, па тоа полека се претвора како огромен проблем за реновираниот тим кој го предводи Жељко Обрадовиќ.
Шестиот пораз во низа прави Партизан да биде еден од најлошите тимови во Евролигата, а од големиот пад на српскиот великан, овојпат профитираа Ненад Димитријевиќ и неговите соиграчи.
Партизан едноставно застана при предност од 76:75 и откако претходно диктираше во сите три четвртини, факт кој полека укажува на тоа дека овој тим на Обрадовиќ има проблеми и на психолошки план во завршницата од натпреварите.
Играчите на Олимпија Милано беа поприбрани во клучните моменти и на крајот со победа од 81:88 си заминаа од Белград, што за нив е четврти триумф во Евролигата.
Нено не се изнаигра против својот омилен тим и доби девет минути во кои забележа три поени, па за него ова беше еден од поскромните натпревари во Евролигата.
Во редовите на Милано, посебно се истакна Миротиќ со 17 поени, следен беше од Ледеј и Менион со 13 поени, додека во Партизан најефикасни се Браун и Дејвис со 17 поени.
-
Лига на шампиони24 часа
Голема победа: Борбениот Пелистер и зема мерка на Висла во Битола
-
Англија23 часа
Мбапе повторно не реализираше пенал, Реал падна на „Сан Мамес“ (ВИДЕО)
-
Англија14 часа
Кин запрепастен од еден играч на Јунајтед: Неговото ниво на фудбал е шокантно!
-
Шпанија23 часа
Димитриевски со нов меч за Валенсија, „лилјаците“ минаа уште една пречка во Копа Дел Реј (ВИДЕО)
-
Шпанија12 часа
Анчелоти за играчот кој направи голема грешка при голот кој донесе пораз за Реал: Тој е недопирлив
-
Шпанија15 часа
Мбапе презема одговорност и им се обрати на навивачите на Реал по новиот промашен пенал (Фото)
-
Англија23 часа
Мајстори за прекини: Арсенал преку два корнери до победа над Јунајтед (ВИДЕО)
-
Англија13 часа
Гвардиола го испофали Де Брујне, но соопшти уште една ужасна вест за повреда на важен стартер