Партизан поразот во Еврокупот го плати со крв: Најдобриот кошаркар заврши во болница (Видео)

Novica Velickovic krv

Партизан долг период не може да почуствува како е да се победува. Тие вчеравечер изгубија на домашен терен од шпанскиот претставник во Еврокупот, Билбао со резултат од 67:83. Овој резултат не оди во прилог на Партизан, меѓутоа, тимот го смени тренерот и заклучокот кој се добива околу целата оваа ситуација е дека тимот е целосно дезиорентиран и ,,раштиман” пред дуелот со МЗТ Скопје во АБА првенството.

Едно нешто што падна во очи на овој натпревар е моментот кога го повредија и го раскрвавија Новица Величковиќ, кој воедно беше и најдобар поединец кај Партизан. Тој по повредата беше спроведен со Брза Помош во Клиничкиот Џентар за интервенција. Но, и поинтересено е што Величковиќ не доби ниту фаул, за што почна да упатува навредливи зборови кон судиите. Моментот се случи на 1 час и 38 минути од натпреварот.

 

Facebook Коментари