Поврзете се со нас

Евролига

Партизан почна да добива и трилер завршници: Петта победа во низа за момците на Обрадовиќ

Објавено

на

Foto:x.com/PartizanBC

Партизан и Алба се погрижија за инфаркт завршница во Берлин, а на крајот повеќе нерви и среќа имаа гостите од Србија кои запишаа петта победа во низа.

Играчите на Партизан го држеа во неизвесност Жељко Обрадовиќ до последната секунда од мечот, па на крајот истиот се решавше со слободни фрлања и намерни промашувања од пенал линијата.

Натпреварот донесе многу пресврти на двете страни и најпрво се чинеше дека Партизан ја осигура победата кога замина на +11 во последната четвртина, но наместо тоа, во продолжение видовме враќање на Алба која потоа беше во позитива од четири поени на 65 секунди пред крајот.

Во тие моменти се чинеше дека Партизан направи од „готово-вересија“, но така не мислеше Маринковиќ кој погоди тројка, за потоа во херој да прерасне Карлик Џонс со четири поени во низа.

Клучен беше кошот за плус два (91:89) на 1,7 секунда пред крајот, па иако тренерот на Алба нацрта добра акција по која домаќините добија две слободни фрлања, Мекормак погоди само едно и тука стана јасно дека Партизан ја запишува петтата победа во низа во Евролигата.

Херојот Карлик Џонс беше најдобар со 24 поени, 4 помалку уфрли Тајрик Џонс од Партизан, додека на спротивната страна најефикасен беше трагичарот Мекормак со 16 поени.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни