Поврзете се со нас

Евролига

Партизан парираше 27 минути, но потоа ја почувствува силата на европскиот шампион

Објавено

на

Foto:twitter.com/RMBaloncesto

Партизан загуби три меча во низа од европскиот шампион Реал Мадрид во четвртфиналето минатата сезона, но лошата низа продолжи и вечерва на домашен терен во „Штарк арена“.

Избраниците на Жељко Обрадовиќ се надигруваа со Реал и успеваа да парираат 27 минути на паркетот, а потоа следеше целосно помрачување до крајот на третата четвртина и Реал со серија од 14:0 го реши натпреварот во своја корист.

На крајот, „кралевите“ имаа мирен финиш на мечот и остварија триумф од 76:88, кој е петти во низа на Партизан во најсилното кошаркарско напреварување во Европа.

Шпанскиот тим беше предводен од Хезоња кој имаше извонреден меч во Белград и постигна 22 поени, додека во поразениот Партизан се истакна Камински со 19 поени.

Реал со овој триумф само потврди дека е недопирлив во регуларниот дел од сезоната, додека Партизан со поразот испадна од плеј-ин местата и сега е 11-ти зад Валенсија.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни