Поврзете се со нас

Евролига

Партизан оствари драматична победа во големиот јубилеј на Обрадовиќ, Реал со „стотка“ за Виртус Болоња (ВИДЕО)

Објавено

на

foto:www.facebook.com/bcpartizan

Кошаркарите на Партизан остварија победа над Фенербахче од 85:84 во драматичниот меч од 7. коло во Евролигата.

Ова беше специјален меч за домашниот стратег Жељко Обрадовиќ, 500 натпревар. во елитното натпреварување, голем јубилеј кој на фантастичен начин беше одбележан од навивачката група „Гробари“. Многу нервоза, неизвесност до самиот крај, последната секунда донесе оваа пресметка која сепак заврши онака како што посакуваат сите домашни поддржувачи.

„Црно-белите“ направија пресврт во второто полувреме во кое примија само 28 поени што беше сосема поинаков момент, приказна во однос на првиот дел кога Фенербахче им уфрли 56 кошеви. Камински со 15 поени беше прв стрелец, Нанали и Смаилагиќ го испратија со по 13 кошеви.

Хејс-Дејвис се истакна кај поразените со 23 поени.

Лидерот Реал Мадрид пак имаше ново блескаво издание и тоа против Виртус Болоња. Шпанскиот тим триумфираше со 100:74 и сега има шест од шест во Евролигата.

Кампацо имаше дабл-дабл од 18 поени и 11 асистенции, Таварес и Јабуселе додадоа по 17 и 16 кошеви. Белинели беше автор на 15 поени.

Останати резултати: Олимпијакос-Басконија 74:75, Анадолу Ефес-Жалгирис 86:82 (прод.), Макаби-Баерн 93:90, Милано-Валенсија 83:52

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни