Поврзете се со нас

Балкан

Партизан останува уште без еден клучен играч

Објавено

на

foto:www.facebook.com/bcpartizan

Партизан имаше лоша сезона во која не беше исполнета ниту една од главните цели, одбрана на пехарот во АБА лигата и напад на завршниот фајналфор турнир во Евролигата, односно сето ова значеше дека ќе видиме сериозни промени во клубот ова лето.

Си заминуваат клучни играчи, капитенот Кевин Пантер се збогуваше и како што стојат работите нова дестинација ќе биде Барселона. Меѓутоа од Партизан си оди и еден од милениците на навивачката група „Гробари“, Зек Ледеј кој според последните информации се договорил со италијанскиот првак Олимпија Милано.

Партизан ја потврди разделбата со капитенот Пантер: Еден и единствен (Видео)

Зек од 2021 година го носеше дресот на клубот од Белград со кого најголемиот успех му е освоената АБА лига во 2023 година.

Според „Еурохупс“, центарот со Милано си подал рака за двегодишен соработка која воедно значи дека се враќа на местото каде настапуваше пред да се пресели во Партизан.

Во сезоната 2023-2024 имаше учинок од 10,2 поени и 4,6 скока во Евролигата, додека во АБА просекот му беше 12,3 поени и 5,2 скока по натпревар.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни