Евролига
Партизан немоќен во Пиреја, значајна победа за Барселона (ВИДЕО)

Лидерот во кошаркарската Евролига, Олимпијакос ја забележа 21. победа во 28. натпревар во оваа конкуренција и тоа против Партизан кој падна во Пиреја со резултат 82:70.
Грчкиот тим се стекна со двоцифрена предност во првиот дел и потоа рутински само ја одржуваше, односно не им дозволи на „црвено-црните“ во ниту еден момент да се понадеваат дека можат да дојдат до нешто плус на ова соочување.
Везенков со 17 кошеви беше прв стрелец, двоцифрени беа уште Милутинов и Вилијам Гос со по 10 поени. Кај поразените плејмејкерот Џонс беше автор на 17 поени.
Барселона пак дојде до значаен триумф во Алба во Берлин на место на кое едноставно немаше право на грешка во ситуација кога се води жестока битка за местата во плејофот. По три четвртини каталонците имаа само плус два, но последните 10 минути ги добија со 33-21 и на крајот победија со 99:85.
Петмина играчи кај гостите беа со двоцифрен учиник, лидер беше Паркер со 21 поен.
На другите две соочувања Анадолу Ефес ја разби Виртус Болоња со 89:68 и Макаби го изненади Асвел на негов терен со 102:95.
-
Лига на шампиони13 часа
Ван Бастен зазема страна: Не сум фан на Реал, ниту на Атлетико, но… (Фото)
-
Свет24 часа
Роналдо со гол број 928, Ал Наср со победа пред своите гледачи (ВИДЕО)
-
Свет12 часа
Нејмар ќе почека за камбек во националниот тим, неговото место му припадна на играч на Реал
-
Италија9 часа
Виери го објасни својот избор за финале во ЛШ: Не сакам да му правам малери на Интер
-
Англија23 часа
Џонсон со изненадувачки премиерлигашки предизвик за Мурињо: Никогаш не се знае…
-
Германија23 часа
Неверојатно, ама вистинито: Домаќините се радуваат на триумф во Бундеслигата по 19 натпревари (ВИДЕО)
-
Англија14 часа
Сатон го истипува со точен резултат новото премиерлигашко коло и финалето на Лига Купот
-
Шпанија10 часа
Ривалдо за ѕвезда на Атлетико: Тој би бил идеално засилување за Барселона