Поврзете се со нас

Балкан

Партизан направи драма и со назначувањето на новиот тренер: Милошевиќ откажа во последен час

Објавено

на

Foto:twitter.com/FKPartizanBG

Партизан минува низ многу драматичен период од стартот на новата натпреварувачка сезона и забележа само една победа во 33 дена, период во кој српскиот великан назначи нов тренер, но брзо остана и без него.

По вчерашната болна елиминација од АЕК во квалификациите за Лигата на Европа, Илија Столица експресно се раздели од клубот по само еден месец во Партизан, па водечките луѓе денеска имаа полни раце работа.

Иако сите српски медиуми пренесоа дека нов тренер на Партизан ќе биде Саво Милошевиќ, во последен момент дојде до пресврт, бидејќи легендата сепак се откажала во завршен час пред да стави потпис на договор.

Милошевиќ ги прекинал преговорите во завршна фаза и го извисил раководството на клубот, кое само неколку часа подоцна потврди дека нов тренер на тимот ќе биде Гордан Петриќ.

Клубот од Хумска во официјалната објава вели дека помошник на Петриќ ќе биде Алберт Наѓ, а промоцијата е закажана за утре во 16:00 часот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни