Поврзете се со нас

АБА лига

Партизан му подготви отказ на Филиповски

Објавено

на

Слабите резултати на кошаркарскиот клуб Партизан се причина што денеска раководството му врачило отказ на досегашниот тренер Сашо Филиповски.

Македонскиот стручњак кој е роден во Словенија го наследи Владо Шчепановиќ во ноември, но не успеа да ги реализира амбициите на клубот.

Партизан загуби во полуфинале во Купот, а „црно-белите“ имаат само теоретски шанси за посакуваните пласмани во АБА лигата и Еврокупот.

Помошник на Филиповски во Партизан му беше Боби Митев, кој подолг период работи со Филиповски.

Српските медиуми пренесуваат дека на следниот натпревар екипата ќе биде водена од досегашниот асистент Александар Матовиќ, кој е главен фаворит да ја добие функцијата на подолг рок.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни