Поврзете се со нас

Евролига

Партизан му ја прекина серијата на Олимпијакос, Шортс и Париз го преслушаа и Виртус

Објавено

на

Фото: https://www.facebook.com/bcpartizan

Олимпијакос имаше одличен почеток на натпреварот во Белград против Партизан, рано стигна до двоцифрена предност, но на крајот се враќа со пораз (78:70) од српската престолнина.

„Црно-белите“ се вратија резултатски уште во првото полувреме и на паузата замина со два поени предност, а клучната разлика ја направија во завршницат, во која тимот на Жељко Обрадовиќ успеа да го надигра противникот од Грција.

Партизан врза две победи во Евролигата, додека за Олимпијакос ова е четврти пораз во најелитното европско натпреварување.

Карлик Џоунс со 15 поени беше најдобар реализатор во победничкиот тим, додека Фурние постигна 16 на спротивната страна.

Ти-Џеј Шортс повторно беше најдобар поединец во редовите на Париз, а францускиот тим ја продолжи својата неверојатна серија со победа над Виртус Болоња (81:78).

Македонскиот репрезентативец го заврши натпреварот со 19 поени и 9 асистенции, додека најефикасен бил Клајбрн со 25 поени. Парижани сега имаат ефект 9-3 и остануваат меѓу најуспешните екипи во Евролигата.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни