Евролига
Партизан му даде 40 поени на Реал во една четвртина, но и тоа се покажа како недоволно за победа

Партизан постигна 40 поени во првата четвртина во шпанската престолнина и дефинитивно го изненади фаворизираниот Реал Мадрид, но во следните две постигна само 34 и тоа беше пресудно за поразот кој го претрпе.
Момците на Жељко Обрадовиќ покажаа дека можат да се носат со поквалитетни противници, но и натаму преовладува голема нервоза во клучните моменти кога се крши мечот и тоа знаеше како да го искористи тим како Реал.
„Кралевите“ успеаја да дојдат до водство уште до крајот на првото полувреме, а добрата серија ја продолжија и во третиот период во кој славеа со 32:23.
Тоа им овозможи комотна предност од плус 12, на стартот на последната четвртина стигнаа и до максимални плус 15, па до крајот само го одржуваа водството.
На крајот, Реал запиша нова победа со резултат 105:97, а Партизан може да жали што не ја повтори играта од првата четвртина, особено во офанзивен план.
На останатите средби во Евролигата, Црвена Звезда минимално славеше над Макаби со 69:68, Олимпијакос беше подобар од Алба 86:76, додека Фенербахче ја оствари единствената победа на гостински терен кај Милано (72:82).
-
Светпред 20 часа
Судот во Мадрид ги нападна УЕФА и ФИФА и донесе пресуда во корист на Суперлигашите
-
Германијапред 22 часа
Кансело позираше со новиот дрес и со само пет збора се прости од Сити (Фото)
-
АТПпред 23 часа
Момент кој не се виде во телевизискиот пренос: Прославата на Ѓоковиќ по последниот поен од вистински агол (Видео)
-
Англијапред 16 часа
Јунајтед договори засилување од Баерн (ВИДЕО)
-
Македонијапред 21 час
Антиќ со совет до младите кошаркари: Не гледајте НБА лига, Јокиќ игра со 50 проценти!
-
Италијапред 13 часа
Марота: Нема повеќе клупски легенди, мораме да ја почитуваме одлуката на Шкриниар
-
Англијапред 15 часа
Беше шокиран: Реакцијата на Кукуреља за трансферот на Жоржињо во Арсенал (ВИДЕО)
-
Англијапред 11 часа
Челси и Бенфика конечно се договорија: Енцо Фернандез за рекордна сума се сели на „Стемфорд Бриџ“