Поврзете се со нас

Евролига

Партизан ја заврши соработката со уште еден странски кошаркар

Објавено

на

foto:www.facebook.com/bcpartizan

Српскиот евролигаш Партизан ќе има сериозно променет ростер за новата сезона, а денеска е потврдено заминување на уште еден странски кошаркар.

Жељко Обрадовиќ во новата сезона нема да смета на Матеуш Понитка, играч кој не беше во прв план минатата сезона и имаше скромен учинок во минутажата која ја добиваше.

Полскиот интернационалец потврдил за српските медиуми дека заминува од Белград и наредниов период ќе се обиде да најде нов ангажман, а причина е фактот што Партизан не одлучил дека треба да ја искористи опцијата за продолжување на соработката за уште една сезона.

Во Евролигата Понитка имаше просек од 2,4 поени и 2,2 скока по натпревар.

Покрај Понитка, Обрадовиќ во новата сезона нема да смета ниту на Пантер, Ледеј, Доужер, Смаилагиќ, Камински и Јарамаз.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни