Поврзете се со нас

Евролига

Партизан ја суреди и Басконија, Олимпијакос доминантен во Болоња (ВИДЕО)

Објавено

на

foto: x.com/PartizanBC

Партизан продолжи со одличните изданија во Евролигата каде на последните десет натпревари има учинок од осум победи и само два порази.

Најновиот триумф го забележа во соочувањето со Басконија со 86:73. „Црно-белите“ покажаа две лица на овој дуел, ама тоа што е најважно на крајот е дојдоа до посакуваниот резултат, триумф број 15 во 27. коло.

Се истакна дуото Карлин Џонс-Стерлинг Браун кое искомбинира 40 поени, додека пак кај гостите имаше четворица двоцифрени играчи, ама двајцата најефикасни имаа по само 11 кошеви.

Лидерот Олимпијакос имаше доминатно издание во Болоња против Виртус од 92:70. Се беше јасно уште по првиот дел каде грчкиот претставник се стакна со предност од 54:29, па вторите 20 минути беа чиста рутина.

Гостите одиграа тимски со шестмина играчи со 11 и 12 поени, додека домаќините го имаа најефикасениот игра во Кординие со 15 кошеви.

На двата преостанати меча, Анадолу Ефес ја разби Алба Берлин со 98:73, актуелниот шампион Панатинаикос пак беше подобар од Асвел со 96:93.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни