Поврзете се со нас

Балкан

Партизан ја потврди разделбата со капитенот Пантер: Еден и единствен (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/PartizanBC

Кевин Пантер прерасна во вистински миленик меѓу навивачите на Партизан во изминатите некоолку сезони, но после три години минати во Белград, капитенот реши да ја заврши соработката со „црно-белите“.

Српскиот вицешампион денеска официјално го потврди она што кружеше во јавносота веќе неколку недели, а тоа е дека Пантер ја завршува својата етапа во Партизан, но со статус на легенда како што и заслужува.

– Еден е Кевин Пантер. После три незаборарвни сезони, Кевин Пантер ова лети си заминува од Партизан. Доскорешниот капитен и клубот постигнаа договор според кои патиштата ќе ни се разидат.

– Еден од најсаканите играчи на Партизан во последните три години засекогаш ќе остане дел од црно-белото семејство. „Кеп“, каде и да одиш во остатокот од кариерата, твој дом секогаш ќе остане црно-белиот Белград, – гласи објавата на клубот.

Пантер во својата втора сезона стана само втор странски капитен во историјата на Партизан, но после лошата сезона која ја остави зад себе, двете страни одлучија дека е најдобро за прекин на соработката.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни