Поврзете се со нас

Евролига

Партизан има јасна желба – Никола Милутинов

Објавено

на

Партизан подготви список од 30 имиња како потенцијални засилувања, од кои повеќето се уште не се контактирани од Хумска, пишува „Типсенслипс“.

Кога се центрите во прашање, прв избор е српскиот репрезентативец и поранешен „црно-бел“ играч Никола Милутинов.

Доколку Партизан нема средства за 213 сантиметри високиот играч на Олимпијакос, како резервна опција ќе се појави Брендон Дејвис, кој до минатата сезона настапуваше за Валенсија.

Добар сигнал за реализација на плановите на клубот од Белград кога станува збор за Милутинов е враќањето на Саша Везенкова од НБА во Олимпијакос. Тоа ќе биде голем трошок за клубот од Пиреја, а „тешкиот“ договор на Србинот е 1,9 милиони годишно.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни