Поврзете се со нас

Евролига

Партизан и Звезда се мачат во Евролигата, Монако ја прекина победничката серија на Басконија (ВИДЕО)

Објавено

на

foto:www.facebook.com/bcpartizan

Партизан и Црвена Звезда имаа големи очекувања во оваа сезона во Евролигата, но резултатите се далеку од оние што се очекуваа, па по десет кола клубовите од Белград имаат по шест, односно седум запишани порази.

Последните негативни резултати беа забележани вечерва, „црно-белите“ загубија во Истанбул од Анадолу Ефес со 100:94, додека пак Звезда беше срушена на свој паркет од Армани Милано со 93:71.

Триумфот на Ефес го одбележаа Ларкин со 27 и Томпсон со 18 кошеви, додека пак Ло со 32 поени ги потопи „црвено-белите“.

Монако пак ја прекина победничката серија на Басконија и тоа со ѕверското забивање на Блосомгејм пред звукот на сирената (77:75), додека Олимпијакос немаше проблеми во средбата со Жалгирис (89:72).

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни