Евролига
Партизан го „скрши мразот“ и победи во Евролигата по пауза од осум години

По трите стартни порази и лошиот впечаток во најсилното можно друштво, Партизан вечерва имаше ноќ за паметење во Белград и стигна до првата победа во Евролигата по пауза од осум години.
Српскиот кошаркарски великан предводен од Жељко Обрадовиќ конечно се израдува на евролигашки триумф и буквално ја декласираше Виртус Болоња, по што многумина веруваат дека се скршен мразот и работите треба да бидат доста полесни во иднина.
Партизан одигра извонредно од почеток до крај и победи со преубедливи 90:62 против италијанскиот тим, кој со овој пораз сега падна зад српскиот претставник на табелата.
Преполната сала и извонредната атмосфера беа добра увертира за прва победа во елитното друштво после долго време, а тоа најпозитивно влијаеше кај Нанали, Анџушиќ и Лесор кои беа лидери во победничкото славје.
Од останатите средби во Евролигата, за издвојување е инфаркт завршницата во Каунас, каде Жалгирис успеа да слави над Барселона со 73:72.
-
АТПпред 15 часа
Алкарас откри што било главна причина за неговите проблеми: Кој го вели спротивното за Ѓоковиќ, тој лаже!
-
Италијапред 12 часа
Погрешен прв чекор: Ѕвезда на Интер падна излегувајќи од автобусот во Истанбул (Видео)
-
Лига на шампионипред 15 часа
Гвардиола ги издвои двајцата играчи на Интер кои посебно го импресионирале: Имам план за финалето
-
НБАпред 13 часа
Јокиќ коментираше потег на соиграч и ги изнасмеа новинарите: Сакав да го удрам… (Видео)
-
Англијапред 11 часа
Глејзерови го користат првиот човек на ПСЖ во обидот да изнудат повеќе пари за продажбата на Јунајтед
-
НБАпред 14 часа
Денвер доби неочекувани херои и се приближи на победа до прва НБА титула (Видео)
-
Англијапред 13 часа
Бернардо Силва избра англиски соиграч за кого би сакал да биде Португалец (Видео)
-
Шпанијапред 9 часа
Реал Мадрид потврди уште едно засилување за новата сезона