Поврзете се со нас

Евролига

Партизан го надигра Жалгирис и повторно фати плеј-ин приклучок

Објавено

на

Foto:twitter.com/PartizanBC

Партизан ја оствари 12-та победа на 23-от меч во Евролигата и влезе во позитивен скор на табелата во најсилното европско натпрварување, па со триумфот над Жалгирис повторно фати плеј-ин приклучок.

Избраниците на Жељко Обрадовиќ имаа пребавен влез во мечот и губеа со 13:3, но сепак Литванците не упеаја долго да го одржат тој ритам и дозволија враќање на домашниот тим.

Црно-белите направија целосен пресврт до крајот на полувремето и на пауза се замина со резултат 45:43, па од тука почна доминацијата на домашниот тим.

Жалгирис со три тројки во низа успеа да се врати на крајот на третиот период и се погрижи за нова егал ситуација, но разиграниот Партизан брзо отиде на двоцифрена предност на стартот на последниот период и тука беше решено прашањето околу победникот.

Партизан на крајот славеше со 81:72, воден од Дозиер со 23 и ЛеДеј со 21 поен.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни