Балкан
Партизан го именуваше новиот тренер на стартот на годината
Саво Милошевиќ неочекувано си замина од Партизан и реши да повлече чекор назад во ситуација кога клубот го преземаа голем број легенди, а тоа ги натера Пеџа Мијатовиќ и неговите соработници трпеливо да чекаат пред да повлечат вистински потег.
По заминувањето на Саво, првиот тим на Партизан беше воден од привремениот тренер Марко Јовановиќ, но веќе од денес оваа задача му е доделена на Срѓан Благојевиќ.
Фудбалскиот клуб Партизан ја извести јавноста за ангажма на нов тренер во првиот ден од новата 2025-та година, надевајќи се на почеток на едно убаво поглавје во наредните шест месеци.
Како што пишува во соопштението, првично договорот е потпишан на пола година, со опција истиот да биде продолжен за уште цела натпреварувачка сезона.
– Голема чест и задоволство е да се биде тренер на Партизан. Без оглед на околностите во кои се наоѓа клубот, кога првпат добив повик, немав никаква дилема дали треба да прифатам. Мојата амбиција е да го стабилизираме тимот и да ја унапредиме играта со напорна работа и посветеност од сите играчи. Свесен сум колку тешка задача ќе имам, знам какви се очекувањата на навивачите, но верувам дека со заеднички сили можеме да го вратиме Партизан онаму кадешто припаѓа, – гласи изјавата на Благојевиќ.
-
Светски првенства22 часа
Лазаров: Мора да поработиме на еден сегмент пред натпреварот со Австрија
-
Светски првенства21 час
ИХФ ги промени сатниците: Македонија двапати ќе игра во непопуларен термин
-
Светски првенства22 часа
Реакција на РФМ по случувањата во Вараждин: Дојдовме во мир, а дочекавме грубо да претресуваат жени и деца!
-
Светски првенства23 часа
Кузмановски со величествен гест воодушевил 40 македонски навивачите пред натпреварот со Гвинеја
-
Репрезентација11 часа
Капитенот игра во страшна форма: Кузмановски го изедначи рекордот на Лазаров
-
Шпанија14 часа
Анчелоти за Мбапе: Сега е најдобар напаѓач на светот
-
Шпанија13 часа
Карло со ироничен „поздрав“ до шпанската јавност: Има денови кога играме многу лош фудбал, но Реал и натаму…..
-
Шпанија23 часа
Официјално: Династијата „Флорентино Перез“ доби седмо продолжение во Реал Мадрид (Фото)