Поврзете се со нас

Свет

Партизан договори НБА засилување, а и потписот на најдобриот дански кошаркар

Објавено

на

foto:twitter.com/PartizanBC

Актуелниот АБА вицешампион, Партизан имаше активен ден во кој промовираше две засилувања, двајца играчи кои потпишаа двегодишни договори.

Еден од тие играчи доаѓа директно од НБА лигата-тоа е повремениот француски репрезентативец Франк Ентиликина кој во 2017 година беше избран како осми пик на драфтот од страна на Њујорк Никс.

Освен за Никси настапуваше и за Далас Маверикс, Шарлот Хорнетс, а во Европа беше дел од Стразбур. Тој беше дел од селекцијата на „триколовите“ на ОИ во Токио кога беше освоен сребрениот медал и во 2019 година кога Франција беше брозена на Светското првенство во Кина.

Второто засилување е Ифе Лундберг кој е најдобриот дански кошаркар. Тој во последниве две години настапуваше за Виртус Болоња, претходно играше и во Шпанија, Полска, Русија, а се испроба и во НБА каде го носеше дресот на Феникс Санс.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни