Поврзете се со нас

Балкан

Партизан брзо најде решение и врати легенда како нов тренер на првиот тим

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/NFSBiH

Тешкиот и болен пораз од Црвена Звезда во 147-то вечно дерби донесе голем потрес во Партизан и искажан револт од страна на навивачите, а немилите сцени со немири во соблекувалните го натераа Александар Станојевиќ да си поднесе оставка.

Легендарниот фудбалер и тренер на Партизан ја презема одговорноста за поразот од 4:0 и си замина од клубот уште вечерта по историскиот потоп, но иако во прв момент се зборуваше дека „црно-белите“ некое време ќе имаат привремен тренер, сега пристигна друга ексклузива од Србија.

Како што јавуваат сите најугледни медиуми како „Спорт Клуб“ и „Телеграф“, спортскиот директор Ивица Илиев се решил за враќање на уште една легенда, па така Саво Милошевиќ по вторпат во кариерата ќе биде тренер на Партизан.

Откако одлично го водеше тимот во дел од својата прва етапа пред четири години, во Партизан се убедени дека тој заслужува втора шанса, а според медиумите, тој веќе прифатил да потпише двегодишен договор.

Саво е легенда на клубот од Хумска и од играчките денови, а сега по вторпат ќе биде шеф на стручниот штаб по авантурата која ја имаше и како селектор на Босна и Херцеговина.

Реклама
Реклама

Италија

Реклама

Популарни