Евролига
Партизан брутално му се одмазди на Асвел, Реал и Макаби одиграа историски натпревар во Евролигата

Партизан пред еден месец претрпе не пријатен и болен пораз од Асвел на домашен терен и денеска имаше огромен мотив за реванш во Франција, нешто што избраниците на Жељко Обрадовиќ успеаја да го одработат во целост.
Српскиот великан режираше слатка одмазда и на брутален начин возврати за поразот од месец декември, славејќи во домот на Асвел со резултат 62:93.
Разликата од 31 поен доволно говори за разликата во распоредот на силите на денешниот натпревар, па дури делува и малку нереално како играчите на Обрадовиќ можеа да си дозволат пораз на домашен терен од истиот тим.
Партизан доминираше од почеток до крај и ја оствари најубедливата победа во Евролигата оваа сезона, а најзаслужни за истата беа Џоунс со 22 поени, Лундебер со 18 и Браун со 16 поени.
Во вечерниот ударен термин, Реал Мадрид и Макаби Тел Авив одиграа историски натпревар во Евролигата, поставувајќи три рекорди кои досега изгледаа незамисливо.
„Кралевите“ победија во неверојатен меч со 116:113, а истиот ќе остане запаметен како натпревар со најмногу постигнати поени во историјата на Евролигата (229), но и како натпревар со најмногу запишани поени на полувреме (120) и по три одиграни четвртини (181).
REAL MADRID AND MACCABI SET A NEW RECORD FOR MOST COMBINED POINTS SCORED IN A EUROLEAGUE GAME 🔥
WHAT A GAME? 🤯🤯 pic.twitter.com/MzANrETKOz
— Eurohoops (@Eurohoopsnet) January 14, 2025
-
НБА14 часа
Ерата Дончиќ започна со охрабрувачка победа, несопирливиот Јокиќ броеше до 40 (Видео)
-
Свет11 часа
Модриќ ја издвои омилената „десетка“ од младите ѕвезди: Тој има светла иднина
-
Италија23 часа
Интер го возврати ударот и му се „залепи“ на лидерот Наполи (ВИДЕО)
-
Шпанија10 часа
Марсело играше со безброј ѕвезди во Реал, но останал посебно изненаден од еден соиграч: Не му се одземаше топката
-
Франција9 часа
ПСЖ го издвои генијалниот потег на Кварацхелија: Елеганција во движење (Видео)
-
Англија22 часа
Ловрен за ситуацијата на Салах во Ливерпул: Знам многу работи…
-
Балкан13 часа
Јеличиќ: Ристовски последниот добар меч го одигра уште кога не постоеше Северна Македонија
-
НБА9 часа
Нова убиствена комбинација: Дончиќ додава, ЛеБрон реализира (Видео)