Поврзете се со нас

Свет

Партизан ангажираше плејмејкер со албански пасош (ВИДЕО)

Објавено

на

Екипата на Партизан продолжи да го засилува составот за новата сезона, а најновото име кое беше потврдено од „црно-белите“ е Американецот, Далас Мур.

Мур има 26 години и во Партизан доаѓа од Кина каде во дресот на Гвангџо имаше просек од 26,3 поени и 5,6 асистенции. Тој претходно во Европа играше во Пезаро, Хапоел Тел Авив, Торино и Нантер, а интересно е тоа што од 2018 година има албански пасош и настапува за нашиот западен сосед.

Пред него Партизан освен тренерот Жељко Обрадовиќ ги потврди и Родионс Курукс, Зек Ледеј, Кевин Пантер и српскиот репрезентативец Алекса Аврамовиќ.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни