Поврзете се со нас

Свет

Партизан активира „бомба“ со трансфер на НБА играч кој е цел и на Реал Мадрид

Објавено

на

Партизан влегува во новата кошаркарска сезона со уште поголеми амбиции, а тоа го потврдува и најновата вест од трансфер кулоарите.

Голем број европски медиуми пренесоа дека српскиот тим се обидува во Белград да го доведе Факундо Кампацо, актуелниот НБА играч кој реши да се врати во Европа.

Главен фаворит за потписот на Аргентинецот се сметаше неговиот поранешен клуб Реал Мадрид, но Партизан сака да му ги расипе сметките на шпанскиот клуб и почнал преговори со агентот на Кампацо.

Кошаркарот ги мина последните две сезони во дресот на Денвер каде настапуваше покрај Никола Јокиќ, а сега би можел да има многу повеќе српски колеги ако се реши за „црно-белите“.

Најавите се дека Партизан веќе испратил седумцифрена понуда за едногодишна соработка со Кампацо, но кошаркарот ќе биде тој кој ќе ја донесе конечната одлука.

 

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни