Поврзете се со нас

Шпанија

Партија за паметење за Рафиња, Барселона броеше до седум за „четири од четири“ (Видео)

Објавено

на

Foto:x.com/FCBarcelona

Барселона го одигра убедливо најдобриот меч под водство на Ханси Флик, а во таква ситуација сериозно настрадаа играчите на Валјадолид кои попладнево беа понижени на „Монжуик“.

Каталонскиот гигант тргна моќно и разиграно од самиот старт на мечот и уште во првото полувреме стана јасно дека ќе ги освои трите бода, бидејќи домаќините постигнаа три гола преку Рафиња, Левандовски и Кунде.

Таму кадешто застана во првиот, Барса таму продолжи и во второто полувреме, со тоа што може слободно да се каже дека избраниците на Ханси Флик беа уште поагресивни и можеа да дадат уште плус три гола од оние четири кои ги реализираа.

Рафиња со два гола комплетираше хет-трик и имаше партија за паметење, Бразилецот исто така асистираше и до Феран Торес за 7:0, а претходно во листата на стрелците се запиша и Дани Олмо.

Бара на овој начин стигна до „четири од четири“ на стартот на новата сезона во Ла Лига, па јасно е дека ќе остане лидер и по оваа рунда во Шпанија.

Головите погледнете ги ТУКА

Реклама
Реклама

Италија

Реклама

Популарни