Поврзете се со нас

Свет

Партија за паметење во Франција: Кога голманот ќе запише 19 одбрани и ќе биде меѓу најдобрите стрелци во екипата (ВИДЕО)

Објавено

на

Екипата на Нант изминативе години беше актуелна за македонската јавност поради настапите на Кирил Лазаров, но таа приказна е веќе завршена со оглед на тоа што нашата легенда ја заврши кариерата и веднаш се впушти во тренерските води.

Меѓутоа Нант сега одново е во фокусот и тоа не поради некој Македонец туку поради чудесното издание на хрватскиот интернационалец Иван Пешиќ на пресметката со Иври. Фаворитот славеше со 33-28 во средба во која Пешиќ потврди дека е во извонредна форма и запиша 19 одбрани, но она што е впечатливо е дека даде дури четири погодоци.

Со тоа Иван беше на делба на второто место на листата на стрелци во екипата, поточно поефикасен од него беше само Одриозола со 6 голови.

Ова е партијата која Хрватот нема да ја заборави.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни