Поврзете се со нас

Англија

Партија за паметење од Палмер: Кандидатура за „Пушкаш“ и четири гола во мрежата на Евертон (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/ChelseaFC

Челси има сезона за заборав и дефинитивно не ги оправда очекувањата од стартот на сезоната, но ако треба да се издвои само една светла точка од тимот на Маурисио Покетино, тоа дефинитивно е Кол Палмер.

Англискиот репрезентативец без сомнеж е најдобро засилување во Премиер лигата и покрај ужасната сезона на „сините“, а тоа го докажа и вечерва на „Стемфорд Бриџ“ каде имаше натпревар за паметење.

Палмер стана играчот на Челси кој најбрзо во историјата постигнал хет-трик во Премиер лигата, бидејќи вечерва против Евертон му треба само 16 минути за таков подвиг (од 13-та до 29-та).

За да биде уште поимпресивно, Палмер постигна перфектен хет-трик бидејќи стрелаше со лева, со десна нога и со глава, но начинот на кој го постигна првиот гол беше сензационален.

Палмер измрда двајца противнички фудбалери пред да погоди рутински во мрежата на Пикфорд, па со магиите кои ги изведе дефинитивно достави кандидатура за „Пушкаш“ наградата на ФИФА.

Покрај Палмер, во првиот дел во листата на стрелците се запиша и Џексон, а Кол печат на својата вонсериска партија стави со уште еден гол, овој од пенал во вториот дел. Во самиот финишт на мечот, конечните 6:0 за Челси ги постави младиот Гилкрист.

Головите погледнете ги ТУКА

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни