Поврзете се со нас

АТП

Партија која ќе се памети: Раониќ „бомбардираше“ и постави историски рекорд

Објавено

на

foto:x.com/globeandmail

Милош Раониќ своевремено беше еден од најдобрите светски тенисери, но веќе некое време е далеку од елитата и потврда за тоа е што во моментов е на 186. место на АТП листата.

Меѓутоа Канаѓанецот е ас кој поседува знаење и пред се сервис кој може да биде фантастичен особено кога се работи на турнир на трева како што е оној во Лондон.

Имено тој денеска успеа да го добие Камерон Нори со 2-1 во сетови со 6-7(6), 6-3, 7-6(9) и тоа во меч во кој постави нов рекорд. Милош „бомбардираше“ и забележа дури 47 аса на Квинс Клаб со што го сруши досегашниот рекорд на Иво Карловиќ кој во 2015 во Хале имаше 45 асови во соочувањето со Томаш Бердих.

Инаку овој учинок, рекорд се однесува на натпреварите кои се играат во два добиени сета. Нареден противник на Раониќ ќе биде подобриот од пресметката Даниел-Фриц.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни