Англија
Парти им се извини на навивачите: Требаше да бидам попаметен

Екипата на Арсенал не успеа да обезбеди место во финалето на англискиот Лига Куп или поточно на нивниот пат застана Ливерпул кој во реваншот славеше со 2-0 на „Емирејтс“ и на тој начин закажа битка за трофејот против Челси.
Ова секако беше ново разочарување за „топчиите“, навивачите и играчите од кои може да се издвои Томас Парти. Големиот борец доживеа елиминација со Гана на Купот на африканските нации, но се врати и доби шанса од тренерот Микел Артета во второто полувреме.
Меѓутоа Парти за краток временски период заработи два жолти картони што беше само комплетирање на катастрофлниот период за него. Африканецот знае дека мора да биде подобар и им се извини на навивачите на Арсенал.
-Јас сум одговорен за се што се случи и ќе поднесам критики. Требаше да бидам попаметен и да не влегувам во дуели, бидејќи веќе имав жолт картон. Но јас сум таков, сакам да се борам за секоја топка. Го сакам овој клуб и ја сакам мојата земја, иако понекогаш работите не се одвиваат како што сакам. Ќе работам напорно за да ги исправам работите.
-Се вратив со желба да бидам на располагање на тимот, да се пласирам во финалето. Но тие планови не се остварија. Ќе продолжам да давам максимум кога ќе бидам на теренот, бидејќи тоа е мојот живот. Не сум среќен поради она што се случи вчера и она што се случи на Африканскиот куп на нации, но јасно ми е дека работите можам да ги променам само со напорна работа, -порача Парти.
-
Францијапред 23 часа
Премиерлигаш се обидел да ја искористи „битката“ на ПСЖ и Реал за Мбапе
-
Италијапред 21 час
Ди Марија му рекол „да“ на најзагреаниот клуб за неговиот потпис
-
Англијапред 17 часа
Фердинанд: Јунајтед е еден од најлошите клубови во светот за испраќање легенди!
-
НБАпред 23 часа
Голем скандал: НБА играч и се заканувал со пиштол на својата партнерка
-
Светски првенствапред 13 часа
Преседан во најава: Италија може да игра на Мундијалот, тоа го најави висок спортски работник од оваа земја
-
Лига на шампионипред 20 часа
Чеферин со најава за големото финале во ЛШ: Реал има слаба одбрана, но девет животи!
-
Шпанијапред 23 часа
Куман и Лапорта се сретнаа првпат по отказот, средбата потврди колку се „почитуваат“ (Видео)
-
Италијапред 22 часа
Дибала го направи последното селфи на „Алијанц“, на него се и двајца „специјални гости“ (Фото)