Парондо: Вардар е најдобриот тим во Европа, Скопје засекогаш ќе ми остане во срцето

parondo

Вардар на фантастичен начин со европска титула ја заокружи оваа турбулетна сезона за него, успех за кој голем удел има шпанскиот стратег Роберто Гарсија Парондо.

Парондо успеа да ги склопи сите коцки и да им донесе огромен успех на „црвено-црните“ на Скопје и на Македонија.

-Мислам дека сите го клубот сфатија каква работа завршивме. Кога победивме во финалето, сите бевме среќни и кога дојдовме во Скопје, пречек на плоштадот беше фантастичен, не може да се опише се зборови. Има повеќе од две недели откако мечот заврши времето, сите стануваме свесни колкав беше нашиот подвиг. Направивме нешто големо, да бидете европски првак два пати во три сезони. Вардар е најдобриот тим во Европа. Навистина е одлично, само малку клубови можат да се пофалат со таков резултат, -истакна Парондо кој посочи дека Вардар засекогаш ќе остане во неговото срце.

-Прво сакам да им се заблагодарам на сите кои работат во Вардар и кои ме поддржуваа. Минавме две одлични сезони.  Моето семејство не сака да замине, затоа што одлично овде се чувствуваа. Многумина ми се заблагодаруваат, но би сакал да им заблагодарам јас на нив. Скопје ќе ми остане во срцето, -рече Шпанецот за официјалниот сајт на СЕХА лигата.

Facebook Коментари