Парондо посочи каде Вардар ја загуби пресметката со Кјелце

kjelce-vardar

Македонскиот ракометен првак, Вардар го претрпе првиот пораз во Лигата на шампионите и тоа на гостувањето кај Кјелце во Полска.

Вардарци загубија со 31-27, во меч во кој постојано го бркаа водството на противникот, па спортски го признаа поразот иако не заборавија да споменат оти ситуацијата можеше да биде поинаква ако Вуко Боразан не добиеше црвен картон во првото полувреме.

-Честитки до Кјелце за победата, тие играа подобро од нас. Ние не сме среќни со резултатот од оваа средба. На почетокот на мечот загубивме еден играч поради црвен картон и беше тешко да се игра 60 минути, немавме соодветна замена за него. Не ја задржавме концетрацијата и загубивме. Сите знаеме дека можеме многу подобро да играме, -истакна тренерот Роберто Гарсија Парондо.

Сличен став имаше и искусниот хрватски репрезентативец Иван Чупиќ.

-Секогаш е тешко овде да се игра затоа што Кјелце е одличен тим. Салата беше исполнета, одлично чувство. Тешко беше да се изигра 60 минути. Еден од нашите играчи не дојде затоа што беше болен (Мораес), друг доби црвен картон. Се боревме целиот меч, се обидувме да ја промениме одбрана во 5-1. Честитки до противникот, ова се два важни бода за нив. Ќе бидеме подобри во следната пресметка.

Facebook Коментари