Поврзете се со нас

Светски првенства

Парондо им возврати на Словенците: Обвинуваат други, а сами не ги почитувале протоколите

Објавено

на

blank

Организаторите на Светското ракометно првенство во Египет не сакаат ни да ги коментираат обвинувањата на Словенците дека биле затруени со храна, но затоа ширењето на стомачниот вирус кај веќе елиминираната селекција донесе реакции од данскиот табор, а денеска и од египетскиот селектор.

Словенците тврдеа дека има нешто сомнително во тоа што дури 12 ракометари имаа проблеми со стомакот пред решавачкиот дуел со Египет, по што спортскиот директор на Данската ракометна федерација им возврати дека не треба да се жалат бидејќи нарачале пица од локал кој не е дел од хотелот во кој се сместени.

Денеска изјава на оваа тема даде и египетскиот селектор Роберто Парондо.

– Хотелот започна истрага за тоа што се случува со здравствените проблеми на ракометарите.

– Како дел од таа истрага е утврдено дека Словенците пред дуелот со нас нарачале пица однадвор, а велат и дека некој од репрезентацијата, не знаеме дали ракометар и од федерацијата, нарачал 20 пива.

– Не е проблем што тие јаделе пица или пиеле пиво кога се слободни, но кога веќе обвинуваат за нешто, треба да бидат сигурни дека ги следеле сите протоколи.

– Можам да разберам дека Словенците се жалат на тоа дека им недостасувале важни играчи на одлучувачкиот натпревар, но не мора тоа да го поврзуваат со недокажани тврдења, – изјавил Парондо.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни