Светски првенства
Парондо: Драго ми е што Македонија е на СП, имам убави спомени од Скопје
Македонија како прва резерва доби шанса за настап на Светското првенство и тоа на местото на Чешка која во последен момент одлучи да го откаше учеството поради голем број на заразени со коронавирусот.
Ова значеше дека Македонија ќе го заземе местото на Чесите во групата Г, односно тоа носи соочувања со домаќинот Египет, потоа Шведска и Чиле. Предводник на селекцијата на Египет е многу добро познато име за македонската јавност Роберто Гарсија Парондо, стручњакот кој мина неколку години во нашата земја, освои неколку титули од кои најважната е онаа со Вардар во Лигата на шампионите.
Шпанскиот стратег никогаш не криел дека со Македонија го врзуваат убави спомени, па по стартната победа над Чиле го искажа своето задоволство од тоа што нашиот национален тим ќе биде дел од овој ракометен спектакл.
-Им честитам на Македонците за учеството на СП во Египет, но во исто време ми е жал што Чешка отпадна. Оваа ситуација не е лесна за еден тренер затоа што со месеци се подготвувавме за Чесите, а сега имаме многу 40 часа да подготвиме за тотално различен противник. Среќен сум поради Македонија, имам убави спомени од Скопје, -истакна Парондо.
-
Лига на шампионипред 15 часа
Итуралде Гонзалес за црвениот картон на Араухо: Тоа не беше ниту фаул…(ВИДЕО)
-
НБАпред 15 часа
Лејкерс закажа плејоф битка со шампионот, крај на сезоната за Голден Стејт (ВИДЕО)
-
Лига на шампионипред 16 часа
Мбапе по големиот триумф на „Монжуик“: Сите знаат кој е мојот сон
-
Лига на шампионипред 14 часа
Енрике во негов стил: Ќе победевме и без црвениот картон
-
ВТАпред 10 часа
Ѓорческа ја надигра шестата носителка на силниот турнир во Копер
-
АТПпред 12 часа
Алкарас: Ѓоковиќ има слаби точки, но…
-
Лига на шампионипред 12 часа
Гундоган: Секој детаљ се казнува во ЛШ, подобро да примевме гол…
-
Лига на шампионипред 17 часа
Тер Штеген со сосема поинаков став од Чави за црвениот картон на Араухо