Поврзете се со нас

Македонија

Парондо: Беше многу тешко да се разделам со Вардар, сакам да се вратам во Македонија!

Објавено

на

Роберто Гарсија Парондо мина неколку одлични години во Македонија, а најдобра, најнезаборавна беше онаа во 2019 кога со Вардар ја освои титулата во Лигата на шампоните.

Овие спомени засекогаш ќе останат во неговата меморија, па Шпанецот се надева дека во иднина ќе може одново да се врати во Македонија, земјата од која со тешко срце си заминале со семејството и тоа поради поради проблеми со кои Вардар се соочуваше.

-Добро е во Египет, ама не е исто како во Македонија. Нема притисок овде, сакаме да дојдеме до најдобрите резултати со националниот тим. Кога бев во Вардар беше навистина одлично, игравме многу добар ракомет, имавме добра, меѓутоа и тешка сезона. Сезоната беше тешка затоа што имаше многу промени. Ние бевме среќни во Скопје, Македонија, моето семејство беше многу задоволно и ни беше тешко кога си заминавме. Сепак, имаше проблеми, ситуацијата беше таква и мораше да заминеме на друго место. Јас сакам во иднина да се вратам во Македонија затоа што беше одлично место за нас, -изјави Парондо кој сега е селектор на Египет.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни